Ќе добие ли конечно вода за пиење прилепско Канатларци ?!

Во 21-век и насреде светска пандемија на смртоносна болест, ние немаме вода за пиење. Како да ја одржуваме хигиената, како често да ги миеме рацете, кога вода имаме само по неколку часа и тоа исклучиво ноќе ?!“ – вака ја раскажуваат својата мака жителите на прилепското село Канатларци кои со овој проблем се борат со години. Велат дека од нивните повеќегодишни апели до надлежните, досега не виделе некое фајде.

Дали заради можноста од евентуалните брзи избори, или пак, навистина ја согледаа сериозноста на проблемот на овие луѓе, градоначалникот на Прилеп и директорот на „Водовод“, минатата недела го посетија селото и не само што на жителите им ветија изградба на нов бунар, туку започнаа и интензивна градежна офанзива за осовременување на селската патна инфраструкура.

Ама, и покрај ваквите надежни ветувања на властите, канатларчани остануваат сомничави. Стравуваат дека пак станувало збор само за обични, предизборни ветувања и не веруваат. Некои од нив, велат дека дури биле и членови на владеачката пратија, но ете, тешко им било да поверуваат.

Инаку, селото Канталарци е живо село со мешан етнички состав, каде доминира турската заедница. Има над 3.000 жители, а меѓу нив има и многу млади и деца. Главни егзистенцијални дејности им се земјоделието и сточарството.

Каролина Дурло

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста