Кинолозите донираа 1 милион денари на инфективната клиника, поттик сите да се хумани

И Кинолошкиот сојуз на Македонија активно е вклучен во борбата за справување со Covid 19. Тие донираа финансиски средства, во износ од 1 милион денари, за потребите на ЈЗУ УКлиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

-Со оваа донација, се подржуваат иницијативите за справување со пандемијата на коронавирусот и за таа цел Кинолошкиот сојуз на РМ, дава свој мал допринос во глобалната битка. Целта е да ги поттикнеме сите оние кои се во можност да дадат помош и да допринесат во борбата против пандемијата, велат од Кинолошкиот сојуз.