Кинезите дизајнираа роботска рака која ќе ги прегледува заразените од Ковид-19 (Видео)

Кинески научници од најдобрите универзитети во Кина дизајнирале роботска рака за која научниците тврдат дека би можела да спасува животи во период на епидемија на Коронавирус.

Роботската рака работи со помош на машина и тркала, може да изврши ултразвучен преглед, да земе брисеви од усната шуплина и да слушне кои произлегуваат од органите на пациентот за што обично се користи стетоскоп.

Со помош на таков робот опремен со камери медицинскиот персонал не мора да биде во иста просторија со пациентот.

„Лекарите се многу храбри, но овој вирус, едноставно, е многу заразен“, вели професорот по роботика на универзитетот, кој додаде дека роботската рака може да се користи и за најопасните задачи.

Изработката на една ваква роботска рака чини 72.000 долари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста