Кинеска нова година помина за кинеските вакцини нема абер за „Спутник V“само најава, но не и датум

Насоките на премиерот Заев за набавка на 100-те илјади вакцини на „Спутник V“ е признание дека калкулациите со бројќи од претходно, и децидноста дека нема да ни треба руската вакцина за да не ни биде вишок, се изгледа грешка. Но грешка, која граѓаните ќе ги чини „скапо“ – со изгубени човечки животи секој ден. Дали за направената грешка ќе има одговорност или оставки? Заев денеска кажа дека преговорите за нарачка на руските вакцини со Руската Амбасада се во тек, но не кажа детали кога ќе се нарачаат и кога ќе стигнат.

“До крајот на февруари ги очекуваме кинеските вакцини, а веќе помина и кинеската Нова година. Утрово и јас и министерот Бујар Османи пуштивме писма до кинеската амбасада со цел да ја убрзаме работата. Верувам дека до крајот на оваа недела ќе пристигнат кинеските вакцини, а за руската вакцина сè уште не можам да кажам точен датум. Вчера му дадов насоки на министерот за здравство Венко Филипче, додаде тој, да започне постапка за набавка на 100.000 вакцини „Спутник V“ – вели премиерот Зоран Заев.

И понатаму останува непознато зошто Македонија цели шест месеци ги игнорираше понудите од Русија за набавка на „Спутник V“ ? во време кога во земјава нема ниту избор, ниту голем број на вакцини, но и оние кои ги имаме сега се донирани од Србија. Но познато е дека, по притисокот од јавноста и медиумите Владата го смени ставот – дека сега ни требаат вакцините од Русија.

Премиерот Заев за три дена даде три различни изјави ,прво тврдеше дека нема потреба да правиме залихи од вакцини со тоа што ќе сме имале три милиони вакцини, по 24 часа излезе со друга бројка. Спомeна 5 милиони дози..за на крај да каже дека проверките во системот на потпишани договори покажале дека има простор за нарачка на 100.000 дози од Русија. 

И додека, Македонија ги троши последните стотици антиковид вакцини, Србија денеска е лидер во Европа по бројот на вакцинирани со по две дози.

“Србија до сега потпиша договор за 12.332.200 дози вакцини, останати за испорака се десет милиони, а досега имаме добиено околу два милиони  вакцини. Гледаме дали да имаме дополнителни количини на вакцини, затоа што ние сакаме е да имаме за секој граѓанин па и за децата, по две вакцини.”. – изјави српската премиерка Брнабиќ.

Во меѓувреме,Русите го одобрија производството на „Спутник V“ во Србија. Руски стручњаци одобриле во Институтот „Торлак“ да почне првата фаза од производството на руската вакцина.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста