Кина ја направи првата зделка со купување американската соја

Кина ја направи првата зделка со купување на големо количество американска соја, откако претседателот Доналд Трамп и кинескиот колега Си Џинпинг претходно месецов договорија примирје во трговската војна.

Зделката им носи олеснување на американските земјоделци, кои тешко наоѓаат купувачи за рекордно големата реколта.

Трамп пред неколку дена изјави дека Кинезите веќе купуваат „огромни количества” американска соја, а наскоро ќе се намалат и царинските давачки за американските автомобили.

Купување на над 1,5 милиони тони соја е конкретен доказ дека Кина ги почитува ветувањата, кои според Владата на САД, кинескиот претседател ги дал на средбата со Трамп на 1 декември.