По Италија и Србија, Кина испрати помош и во Унгарија

По Италија и Србија, Кина испрати помош и во Унгарија. Денеска на аеродромот во Будимпешта, делегација на унгарската влада ја прими помошта од кинеските власти.

Во авионот кој слета во Будимпешта, имаше заштитни маски, респиратори, тестови и дуга опрема за справување со корона вирусот. За потребите на здравствените работници, но и за граѓаните..

Кина е првата држава која испрати помош во Унгарија, а унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од малкуте европски лидери кои досега понудија помош на Хрватска и Италија во време на пандемијата.

Кинеската помош за Унгарија пристиггна во период кога оваа членка на ЕУ се соочува со зголемен број на заразени од опасниот вирус. Вкупниот број на заразени се искачи на сто осумдесет и седум лица, во последните 24 часа ново заразени се дваесет лица, а починале вкупно десет лица.

Помош од Кина доби и Србија каде веќе слета и втор авион со заштитна опрема. Освен помош, срспките власти почнаа да ја применуваат и кинеската стратегија во справување со вирусот. Стартува масовно тестирање на граѓаните, а училиштата, нема да бидат отворени до крајот на годината.  Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување Сања Шкодриќ, изјави дека маските ги платила државата, а граѓаните ќе можат да ги купат по цена од 120 динари. Најголемата хала на белградскиот саем од денеска е претворена во болница со три илјади легла.

За потсетување, Кина беше првата држава која испрати помош во Италија, а италијанските државјани во знак на благодарност кон Кина и револт кон ЕУ го симнаа знамето на ЕУ  и на јарболите го развеа кинеското знаме.

Каква е стратегијата на Кина, доволно покажуваат податоците за бројката на ново заразени која постојано се намалува, за разлика од земјите во Европа, каде таа и натаму загрижувачки расте.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста