Ким ја одби поканата за посета на Јужна Кореја

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун го одби повикот на претседателот Мун Џае Ин да ја посети Јужна Кореја следната недела, објавија денес јужнокорејските медиуми.
Јужна Кореја следната недела е домаќин на самитот на лидери од југоисточна Азија во пристанишниот град Бусан, а Мун изрази надеж дека Ким ќе учествува на самитот.
Севернокорејскиот лидер на 5 ноември доби лично писмо од Мун, но ја одби поканата, јави севернокорејската агенција КЦНА, додавајќи дека Јужна Кореја не ги почитува одлуките донесени меѓу двете земји и ги поткопува билатералните односи, бидејќи премногу се потпира на САД.
„Како можеме да седнеме со некого и да решаваме проблеми со таков партнер кој сè внимателно пренесува на некому однадвор, и нема ниту независност, ниту автономна визија“, наведе КЦНА.
Со оглед на неуспехот на претходните состаноци, состанокот Северна-Јужна „само заради проформа, за ништо не би користело“, додаде севернокорејската агенција.
Мун долго време се залага за зближување со Пјонгјанг и трипати се состана со Ким во текот на изминатата година. Тој, исто така, придонесе за организирање на првиот самит на Ким со американскиот претседател Доналд Трамп во јуни 2018 година во Сингапур.
Сепак, односите меѓу двете Кореи се оладија по неуспешниот втор самит Трамп-Ким во февруари годинава во Ханој. Пјонгјанг му замерува на Сеул за заедничките воени вежба со САД и ги прекина скоро сите заеднички проекти.