Кешишев тврди дека Палчо го натерал да напише дека не бил вклучен во убиствата

Кешишев тврди дека Палчо го натерал да напише дека не бил вклучен во убиствата

Палчо ме натера да напишам – обвинетиот Влатко Кешишев предизвика нов шок на судењето за убиството на малата Вања и Жежовски. Тој тврди дека писмото со кое на минатото рочиште го амнестираше Љупчо Палевски од убиствата, всушност биле зборови на Палчо, кој тој го натерал да ги напише со негов ракопис. Ливчето му го дал додека биле во полициско комбе кога ги пренесувале заедно до суд. Го препишал и потпишал од страв.  

  • Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа заедно,“ изјави Кешишев.

На прашањето од судијата Ивица Стефановски, од кого се плаши – Кешишев рече општо поради страв го сторил тоа. Судот побара на сите наредни рочишта обвинетите да се носат со посебни комбиња, а не заедно. Тоа го бара и адвокатот на Кешишев, кој бара и обвинителството да реагира за овој скандалозен случај

  • „ Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството“ – рече Ефремов.

Директорот на затворот Шутка, вели дека нема шанси да имало предавање на писмото за време на транспортот на обвинетите до судот.

  • Пред да излезат да се носат на суд, истите се протресуваат, се ставаат во комбе. Сега судот бара да ги спроведувате во посебни комбиња, дали тоа ќе биде овозможено за следните рочиште? – По барање на судот, по налог и барање на судот и го правиме сето тоа -рече Утковски во изјава за Алфа.

Без разлика што пишал Кешишев, писмото немало да влијае на целата судска постапка тврдеа обвинителките пред рочиштето, бидејќи имале обезбедено доволно докази за двојното убиство.

  • Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски“, изјавија тие.
  • Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето“, рече обвинителката Стојковиќ Димитровска.

Пред судот сведочеа двајца полицајци од интервентна, кои заедно со колегите од Велес го спровеле Вилибор Манев до локацијата каде бил законопан Панче Жежовски. Без да каже ништо на автопатот Скопје – Велес и назад, а дал насоки точно каде е закопан пензионерот од Велес.  

  • Велибор Манев беше во возилото со мене. Тој нѐ водеше по земјен пат до местото кое беше покриено со гранки. Се движевме 5 минути пеш по земјениот пат, имаше едно дрво и Велибор покажа, тука е местото. Тој пат мислам дека беше непрооден за возило, зашто имаше кал и многу дупки“ – сведочеше полицаец од интервентна полиција.

Вработен во Сејфт сити сведочеше дека на камера од Чаир виделе кој управува со возилото од партијата Десна – реното кангу, а кој седи до него. Како што опиша сведокот, возачот бил со брадичка и седа коса, посочувајќи дека личел на Палевски, а совозачот носел џемпер.

  • Не можам да одговорам кога точно ги поврзавме двете возила, тоа го знаат колегите од Крвни деликти. Добивме дојава дека „реното кангу“ проаѓа на некои камери каде што е запален „цитроенот“. По пребарување на Бутелска, кај О.Бутел, тука го најдовме, има 4 камери, го лоциравме“ сведочеше вработен во Сејфт сити.

Следното рочиште е закажано за 16 декември, а има уште двајца сведоци покрај Гоце Трајковски – пријателот на Александар Ѓорчевски. На 20 декември ќе се изведуваат материјални докази.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста