Келнери, слаткари – 2 год занает учат он-лајн, абер нема од реконструкција на училиштето во Охрид
Во охридското државно средно угостителско училиште “Ванчо Питошески”-хаос,бидејќи објектот се реновира цели две години ,235 ученици наставата ја следат онлајн. Родителите револтирани,две деца од други градови кои учеа во училиштето,веќе се испишаа.Ако требаше да ја следат наставата од дома,на оваа скапотија наместо да плаќаат кирија,ќе си седеа дома.
“Советот на родители кои имаме деца што ни учат во училиштето “Ванчо Питошески” на кое јас сум претседател сме загрижени за ситуацијата во која што се најдоа нашите деца со онлајн учењето кое веќе трае цела година заради реновирање на училиштето.Неколку пати имаме реагирано до менаџметот на училиштето”-вели Марко Ѓоргиески од Советот на родители
Во дел од ходниците има купишна книги, администрацијата работи во кабинетот по практична настава каде има се’ од филџани и друг прибор до кафемати и разни кулинарски апарати.Бидејќи се изведуваат градежни зафати,во објектот нема струја,па така вработените се греат со помош на плински боци.
Предвидениот рок од 18 месеци за реконструкција на училиштето истече,фирмата изведувач е главен виновник за одовлекување на работите, вели директорот на училиштето и уверва дека за два месец учениците ќе се врателе во училишните клупи.
“Се зголеми тој рок, се продолжи бидејќи испаднаа голем број на непредвидени работи бидејќи училиштето датира од 1963 години се работи за старо училиште кое последен пат беше реноворано пред 20-тина години.Во тие објекти каде што се постари излегуваат доста непредвидени работи, многу потешко се работи во однос на некоја нова градба”-вели Марјан Радески,директор на РЦСОО Ванчо Питошески
Професорите кои не сакаат да зборвуваат пред камера,кажуваат дека извесен период во овие две години, сред зима објектот останал без кров,за да не прокиснува се импровизирало на разни начини,но сепак со чадори се движеле внатре во училиштето.За ова,одговор побаравме и од министерството за образование, во дописот кој ни го испратија стои дека се работело за капитална инвестиција која не можело да се заокружи за краток период, додека трае летниот распуст. Поради тоа,раководството на училиштето донесло одлука за организирање на онлајн настава до завршување на активностите.