Кејн го најави заминувањето од Тотенхем

Хари Кејн им соопштил на Тотенхем дека неговиот план е да си замине од клубот летово, пренесува Скај спортс. Ова не е ништо ново, шпекулациите траат веќе извесен период, но како се наближува крајот на сезоната, стануваат се погласни. Кејн ќе бара нова средина оти головите и наградите за најдобар стрелец не можат да ја заменат празнината за трофеј во неговата кариера. Во игра за него се гигантите од Манчестер, Челси, Барселона и Реал Мадрид, а Тотенхем нема да го пушти за помалку од 100 илјади евра. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста