Ќе успее ли власта навреме да го додели државното земјиште или пак ќе чекаме на пченица од Србија?!

Македонија е земја на парадокси во многу сфери, но кризата за храна која е веќе во најава, не е парадокс, туку неодговорност на надлежните. Требаше ли да се случи војната во Украина, за државата да се сети, дека во Македонија има илјадници хектари државно земјиште, кое стои необработено. Сега се најавува, дека 12 илјади хектари, ќе им бидат отстапени на земјоделците, за да ги обработуваат, но има многу сомнежи, дали при распределбата, повторно ќе се вмешаат политичките врски, и пред се  – дали ќе се стигне навреме.

Македонија е зависна од увоз на храна која од ден во ден е се поскапа, а државата никако да направи нешто за ублажување на ценовните шокови. Земјоделското прозиводство е намалено, и стравуваме дека ќе биде уште полошо, алармираат земјоделците оти помошта која сега се најавува е задоцнета и недоволна.

  • Ова е лоша политика, едноставно задоцнети ни се мерките. Тие треба да бидат сега – веднаш, а не со месеци. Ние не сме партиски, ние сме само земјоделци, поготово нашите здруженија, затоа државата не треба да ги политизира работите, зашто се паѓа на наш грб, вели за Алфа Тони Ангелевски, Претседател на земјоделското здружение „Жолто тутунско злато“.

Власта да не гледа политички на стопанството и да помага на сите, а не само на одреден дел од земјоделците, се пожалија тие. Велат, за сигурен пласман на производите, државата треба итно нивите кои зјаат празни да им ги даде на земјоделците за да ги работат.

Од министерството за земјоделство потврдија дека на располагање ќе се стават околу 12.000 хектари. Се прават сите анализи за да се обработи секое парче обработлива земја, но производителите велат дека се губи многу време за најави, отколку нешто да се спроведе во пракса. Капак на се е недоволното домашно производство на пченица кое не може да ги задоволи потребите.

  • Преку земјоделството се храни цела држава, затоа државата треба да помогне на ситем на повеќе од 70% од земјоделците државата треба да го одврзи ќесето и да им помогне сериозно, и тоа со репро материјали, со концесија на земјишта, на земјоделците треба да им се даде зелена нафта без данок, односно без ДДВ. Од друга страна цената на ѓубривото порна за неколку пати, додава за Алфа Тони Ангелевски, Претседател на земјоделското здружение „Жолто тутунско злато“.

Претходно, власта се пофали дека финансиски ќе ги поддржи производителите на житарици за да купат квалитетни ѓубрива, но за останатите нивни барања околу доцнењето со парите за зелената нафта и другите видфови на поддршка нема ништо поконкретно.

Додека се чека на реакција од страна на надлежните, Србија најави дека ја симнува забраната за извоз на пченица која беше воведена на 10-ти март. Ваквата најава привремено може да ги смири стравувањата дека ќе останеме без храна. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста