Ќе стане ли земјоделството во Македонија гранка во изумирање?

За неколку години ќе нема кои да ги работи нивите. Просечниот македонски земјоделец старее, а младите повеќе не гледаат перспектива во одгледувањето на храна. Неизорани ниви обраснати со трева, а таму каде што се ора или се подигаат пластеници претежно  тоа го прават постарите. Таква е сликата  и  во нивите на Трајчо Јованов од струмикото село Сушево. Откако и синот и ќерка му заминале во Германија, обработката на  над 2хектари земјиште паднала на неговиот грб. Сега годините му натежнале, па земјата му ја покрила троскот.

Никој не ги обработува,неисплатливо е. Тутунот, бостанот, грозјето, зелката немаат цена. Зошто да сее? Нема зошто!-вели  Трајчо Јованов од струмичкото село Сушево.

   Трендот на иселување ги опустоши македонските села.  Спасот од безпарицата сите го гледаат во странство. Млади повеќе и да нема, коментираат мештаните на Сушево, село распослано во северниот дел на Струмичката Котлина..

    „Младите избегаа. Кој ќе седи за 15.000денари плата ? Никој! Само ние. Многу народ избега. Бегаат, не им е добро овде. Нема убави плати„-вели земјоделец од с. Сушево, Струмица

     „Не сакаат да работат.Нема сметка.Зошто да работи? Тутунот се продава за 130ден.по килограм. Овде е проблемот„-вели Дончо Стаматов од с. Сушево, Струмица.

Министерството за земјоделство ја зголеми поддршката за младите земјоделци, но ниската откупна цена и несигурниот пласман е причина за многу од нив да не се одлучат за користење на државна помош, алармираат од земјоделските здруженија ..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста