Ќе седнат ли на маса угостителите и Комисијата за заразни болести: Утре ќе се одлучува за нови мерки

Ќе се затворат ли целосно угостителските објекти за време на празниците? Комисијата за заразни болести ќе одлучува утре. Според здравствените власти и Комисијата за заразни болести не се исклучува можноста за носење построги мерки за време на престојните празници, пред се во работењето на угостителските објекти. Ако е неопходно велат дека во одредени денови можно е да има целосно затворање за да се спречи групирањето и ширењето на заразата. На утрешниот состанок на Комисијата бараат да учествуваат и претставници од Независната угостителска комора-НУК.

Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сакаат да препорачаат нови рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава.” – соопштуваат од НУК.

Сопствениците на угостителските објекти велат дека Комисијата наместо да носи парцијални и ад хок одлуки за препораки за мерки, треба да се донесат добри протоколи по кој угостителите ќе може да работат, а надлежните паралелно да ги засилат контролите. Стопанствениците веќе посочија дека поригорозни мерки би биле погубни за домашната економија која влезе во рецесија.

Што и да препорача Комисијата во понеделник предлогот прво ќе биде доставен до кризниот штаб.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста