Ќе се пролонгира ли стартот на учебната година за на пролет?

Ќе се пролонгира ли стартот на учебната година за на пролет?  Според дел од епидемиолозите е добар потег, со оглед на прескокнувањето на зимата кога и грипот ќе демне. Но од МОН на ова прашање конкретен одговор не добивме. Го повторија истото што и изминатите денови.

“Комисијата за заразни болести и МОН изработија пртоколи и план за почеток на настават во најбрзиот рок и истите доколку се спроведуваат соодветно го минимизираат ризикот од ширење на вирусот. Ова е пракса во сите земји од регионот и светот.Согласно протоколите, физички ќе одат на училиште само учениците од прво до трето одделение и учениците во оние училишта каде има соодветни услови и доволно простор согласно пропишаните протоколи.” – велат од МОН за Алфа.

Во меѓувреме, ‘се поголем е револтот кај средношколците – па му дадоа ултиматум на МОН или да го прифатат барањето за комбинирано образование до 15 септември, во спротивно најавуваат бојкот на учебната година.

Ако нашиот предлог за конбинирана настава не го прифатат надлежните, заедно со средношколците од сојузот ќе дискутираме дали ќе имаме бојкот на наставата од 1 –ви  Октомври” – вели Бленди Ходаи од Сојузот на средшколци.

Инаку, искуствотото на инстиуциите со отворањето на градинките не започна сјајно, по неполна недела откако беа отворени овие установи се појавија три случаи на заразени со ковид. Па останува прашањето – избрзаа ли надлежните со одлуката за отворање на градинките без да се направи скрининг? Дали истото сценарио следи и за отворањето на училиштата ? Од комисијата за заразни болести за Алфа велат – сега за сега не се размислува за скрининг кај просветните работници.

Ања Василева

Поврзани вести