Ќе се продолжат ли постоечките рестриктивни мерки?

Ќе има ли нови рестриктивни мерки, или постоечките ќе се ублажат? Комисијата за заразни болести денеска ќе ги анализира бројките,  а утре според најавите треба да ја соопшти конечната одлука. Неофицијално како што дознава Алфа сегашните рестрикции ќе останат на сила уште две недели. Имено, деновиве има благо опаѓање на бројот на новозаразени случаи, но бројките на починати се уште се загрижувачки.

Според доктор Кунгуловски сега не е вистински момент да се олабават мерките. Мора да има рестрикции се додека не се стигне до масовна имунизација – што во моментов ја немаме.

“Неминовно е да ја следиме таа стратегија со рестрикции иако на никој не му се допаѓаат. Не некои драконски мерки ама потребни се некакви мерки за да го забавиме целиот тој процес на пренесување на британскиот сој. За да купиме време се додека не дојдат вакцините и се додека не стартуваме со масовна вакцинација. Целта е да намалиме хоспитализација и да намалиме смртни исходи така? Тоа евентуално или финално се постигнува само со масовна вакцинација. Но додека не се вакцинираме масовно треба да преземеме во комбинација и други мерки.” вели д-р Горан Кунгуловски.

Сега најважно е да се намали процентот на смртни случаи вели д-р Кунгуловски.

“Според мене најбитно е да се намали процентот на смртни исходи и во трагедии во многу македонски фамилии.Се додека не се вакцинираме сите според мене треба да има рестриктивни мерки, посебно сој како британскиот е доминантен во Македонија.” д-р Кунгуловски.

Инаку, притисокот во болниците и натаму е голем. Во моментов во ковид центрите низ Македонија се хоспитализирани 1687 пациенти , од кои 702  се лекуваат во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста