Ќе се оценува онлајн, но и преку индивидуални средби со ученикот – до 20 ноември првите оценки

Секој ученик во основно и средно училиште мора да има оценка по предметите до 20 ноември. Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија наставниците за процесот на оценување на учениците. Новата нормалност поради пандемијата со корона вирусот предизвика низа потешкотии во воспитно образовниот систем. Онлјан наставата претставува проблем оти директниот контакт на ученикот и наставникот е спречен, така ќе биде отежнато и оценувањето, но МОН апелира до наставниците да се прилагодат на оценувањето согласно учењето на далечина. 

При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити  квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката – пишува во прирачникот.

Колку ќе бидат реални оцените – не се знае. Совети за наставниците има, но дали во пракса ќе се оценува транспарентно, останува да видиме. Од Бирото за развој на образованието бараат од наставниците да даваат задачи за кои нема да може да се најдат одговори во наставните материјали и да има засилена контрола на времето кое им е дадено на учениците за решавање на задачите.

Од МОН велат дека онлајн учењето било предизвик, но со тоа ќе се направел исчекор во оценувањето – акцент ќе се ставело на посложените процеси како разбирањето и помнењето на учениците.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста