Ќе се кренат ли рампите во регионот? – Филипче повторно се надева

Мали се шансите со есента да се кренат и рампите во регионот. Македонските граѓани остануваат безнадежни за излез од државата без ковид тест. Филипче по којзнае кој пат најави оти се надева дека земјите од регионот наскоро ќе ги отворат границите.

“Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција, ќе заземеме заеднички став”, рече Филипче.

Од почетокот на пандемијата земјите од регионот повеќепати ја менуваа одлуката за влез и излез. Според досегашното искуство мошне сигурно е дека Грција и понатаму ќе остане затворена – со оглед на тоа дека јужниот сосед остана затворен и во летните месеци. Забраната за влез во државата за македонските државјани важи до 30 Септември. Косово од вчера го укина ПЦР тестот за влез во земјата, дозволува само слободен транзит за 3 часа. Во Бугарија и Србија без ковид тест не постар од 72 часа македонците не можат да влезат.Во Црна Гора сме добредојдени само со серолошки тест. Единствено, македонските државјани можат слободно да патуваат само во соседна Албанија и Турција.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста