Ќе се договорат ли Заев и Димитров кога треба да продолжат разговорите со Бугарија?!

Ќе одмараат до Март или веднаш по празниците активно ќе работат на решавање на проблемите со Бугарија? Различни ставови во три дена на премиерот и вицепремиерот околу темпото со кое годинава треба да се делува за евентуален компромис со источниот сосед. Изборите кои ќе следуваат напролет во Софија во голема мера ги одредуваат размислувањата на македонскиот државен врв.

Заев во интервју за МИА во понеделникот најави дека нема да се губи време.

“Комуникацијата со официјална Софија продлжува во насока на изнаоѓање на решение, имаме воља да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден. Ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите во Бугарија не треба да бидат пречка за решавање на билатералните разлики. Очекувам веднаш после новогодишните празници нашиот специјален претставник Бучковски, министерот за надворешни работи Османи соодветно со министерката Захариева да ја продолжат конуникацијата за изнаошање решение”, изјави Заев.

Од друга страна во телевизиско интервју ден претходно запрашан за однсоите со Бугарија тој истакна дека предизборието е период кога од политичарите не можат да се очекуваат рационални потези.

Наспроти ставовите на Заев дека не треба да се губи време, иако свесен дека до изборите не е можно решение, Димитров би одмарал од бугарското прашање.

” Дел од бугарските сили можеби сакаат ова прашање и да го искористат во кампањата. И не мислам дека ќе си помогнеме ако влеземе во таа приказна. Јас мислам дека е време малку да одмориме од ова прашање и практично од Бугарија. Мислам дека енергијата, времето кое што не ни е бесконечно, тоа ни е ограничено да го инвестираме во средување на сопствениот двор”, вели Димитров во интервју за МИА.

Споредувајчи ги договорите со Грција и Бугарија Димитров вели дека Преспанскиот договор се потпишал бидејќи не задирал во идентитетските прашања што не е случај со барањата на Софија.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста