Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска во државата ќе бид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови, како што соопшти УХМР; ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд.

До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста