Ќе одговара ли некој за скандалозниот камп за сексуално образование?!
Четири дена по големиот скандал и сомнежите за педофилија, се уште нема никаква кривична пријава против организаторите на тој настан. За настанот организиран од Првиот скопски извиднички одред, за кој постојат обвинувања дека малолетни деца биле терани да глумат секс пози, да симулираат секс, да се соблекуваат, единствено што засега е познато е дека организаторите биле повикани на разговор во полиција. Случајот сега го испитувале МВР и Обвинителството. Дека можеби е потребна кривична одговорност за овој настап смета и претседателот на првата детска амбасада Меѓаши.
ТЕЛОП ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ- претседател на Меѓаши: Дали излегло од контрола или било по план и програма треба Јавното обвинителство да истражи. Ако треба и кривична одговорност да се побара. Нема амнестирање од одговорноста ако ова се случило.
Уште поголема дамка на целиот овој случај фрла фактот дека истиот бил финансиран со пари на граѓаните, односно средства на градот Скопје. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, повика на одговорност од градоначалникот Шилегов, велејќи дека градот можел да ги побара парите назад, доколку навистина градската администрација не стои зад овој настан.
ТОНСКО АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ- потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: Да каже зошто давал пари на здруженија, на извидници, кои што ги сквернават нашите деца, кои што ги им уништуваат животите. Зошто давал пари за да се уништуваат семејните вредности, дали нивната цел е да го уништат традиционалното семејство во Македонија и да ги уништат децата, до денеска не даде релевантен одговор. Ако навистина нема врска со целата таа работа зошто не побара да се вратат парите и да одговараат тие кои што го направиле тоа.
Градоначалникот Петре Шилегов потврди биле дадени пари за овој настан, но не знаеле дека финансираат такво нешто, тоа не било напишано во апликацијата.
Од првиот скопски извиднички одред пак реагираа дека биле погрешно сфатени. Тие велат настанот воопшто не бил именувам „Секс, извидници и рокерол“, туку „Есенски бакнежи и прегратки 2021“. Овој случај ќе го истражува и народниот правобранител.
Матеја Петровски