Ќе ја засени ли ДУИ на Ахмети ДОМ – единствената зелена партија досега?

ДОМ-единствената зелена партија досега, не гледа конкуренција во ДУИ,која пред неколку дена најави дека и тие стануваат зелени.Претседателката Маја Морачанин, во синоќешното гостување во Заспиј ако можеш на Алфа,внимателна и без критики кон својот коалиционен партнер, вели дека им е драго што и други партии станувале зелени.Но, им порача дека не е доволно само да се декларираш како зелен,туку треба и да имаш познавања во оваа овласт, и најважно резултати-она што ДУИ не го покажа баш,со оглед на тоа што со години ги држеа токму овие ресори.

Тие со години имаат раководни функции,точно во институциите  кои се најодговорни во оваа област, имаат повеќе министри,управата за животна средина исто така важна институција, па и министерството за економија кое е поврзано со животната средина, индиректно, но, има големо влијание и затоа граѓаните имаа критика кон тоа на кој начин се раководи со овие институции, бидејќи не се испорачуваат резултатите. – вели Маја Морачанин- Лидер на ДОМ.

Познавачите и екологистите,пак,се сомневаат дека  намерите на ДУИ и нејзината зелена агенда, се искрени-токму поради тоа што партијата на Ахмети со години ги води градовите кои се најзагадени и со најголеми проблеми во областа на здрава и чиста животна средина.Претпоставуваат дека ДУИ ги намирисала милионските суми на европските фондови за зелени проекти, па преку своето ребрендирање ,ќе се труди да ги добие.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста