Ќе има ли вакцини за попишувачите?

Попис во април ќе има , но не се знаме дали дотогаш ќе стигнат вакцините и дали ќе се вакцинираат и попишувачите. Стравот од пандемијата со вирусот кој одзема илјадници животи во Македонија,  ги колеба граѓаните дали да отворат врата кога ќе им тропнат членовите на попишувачките тимови.  Од Државниот завод за статистика велат дека се е на доброволна основа – директорот Симовски појаснува, доколку некој од попишувачите сака да се вакцинира ќе разговарале со министерството за здравство во обид тоа да им биде овозможено.

Се уште не се направени целосно тимовите и не знаеме кој од нив ќе сака да се вакцинира, бидејќи сепак вакцината е на доброволна основа. Доколку некој има таква желба ние ќе стапиме во контакт со здравствените власти за да направиме план-рече Апостол Симовски – директор на државен завод за статистика.

Вчера министерот за здравство Филипче кажа како е предвидено да се вакцинира населението, но во ниедна фаза не ги спомена попишувачите кои ќе влегуваат во десетици домаќинства. Дневно ќе посетуваат по неколку домови.

Во втората фаза се здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети и во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат.

Инаку за попишувачите засега е пропишана најосновната заштитна опрема, а не се знае ниту дали ќе има обуки реализирани од МЗ  како да попишуваат во време на корона.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста