Ќе има ли свадби летово?

Ниту чершена се од корен корни, ниту мома се од мајка дели-без свадба нема мажачка.Дури не згрми музика и додека не пукнат бакнежи и прегратки меѓу сватовите свиени на оро,младите не стапнуваат на лудиот камен, спреми се и со посебни протоколи да прават свадба. Семејните веселби не се откажуваа, напротив се зголемува оптимизмот дека во летниот период ќе можат да се реализираат. Најатрактивна локација е Охрид, каде за илустрација во само еден од поелитните хотели во моментов има резервации за над 100 свадби кои требало да се случат уште лани,но поради пандемијата и забрана истите да се одржат, презакажни се за оваа година.Туристичките работници сеуште чекаат официјална потврда и протокол за организирање на свадби,но го наметнуваат прашањето, колку реално ќе биде безбедно и изводливо организарањето на ваквите свечености ?

И да се донесат протоколи за работа тежината ќе падне во огромен дел на организаторот на свадбата, односно на нас како локација бидејќи во оние протоколи кои циркулираат во моментов, како предлог протоколи таму се наведува дека ние ќе ја имаме контролата на тоа колку луѓе ќе бидат на свадбата, дали тие луѓе ќе бидат фамилија што ќе бидат на една маса седнати, така што не знаме реално колку тоа ќе биде изводливо – вели Ана Дудановска-хотелиер.

Сепак ни се од полза нас да имаме во живо музика, да имаме диџеи и сл.Искрено мислам дека ќе биде невозможно – вели Марјан Трпески – хотелиер.

Македонците од диајспората, претежно од Австралија инсистираат судбоносното ДА, да го кажат исклучиво во Охрид, со свадбена веселба на брод.Но, одлуките и протоклите кои преку ноќ ги носат и менуваат здравствените власти кај нас,ги одвраќаат.Сеуште Македонија е меѓу ризичните земји затоа и протоколите кои ги воведуваат странските држави,во однос на нашата земја се ригорозни.

Проблемот ни е дали ќе дозволат да идат во Македонија, дали ќе бараат ПЦР тест и најголемото прашање, дали кога ќе се враќаат во државата нивна, нивната држава ќе им бара ПЦР тест, пошто за 3 дена поминати во Македонија 14 дена да остане во изолација, никој нема да дојде – вели Ѓоко Наумоски – бродар.

Дискутабилно е што значи безбедно кај нас затоа што ние и сега имаме протоколи за работа,голем дел не ги почитуваат, аршинот за жал не е ист секаде,велат хотелиерите и апелираат да се најде заедничко решение прифатливо за сите,се’ во интерес на здравјето и безбедноста и на хотелскиот персолан и на свадбарите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста