Ќе има ли попис во септември, или е можно ново одложување?

Активностите за пописот на населението стагнираат. Допрва ќе се бараат нови попишувачи, конкурс се уште не е распишан. Автоматски тоа го става и под знак прашалник колку попишувачите ќе бидат безбедни – односно дали се вакцинирале или не. Застој освен во попишувачките активности,  има и со попишувањето на дијаспората, се помалку луѓе електорнски се попишуваат на веб страницата која е активна цело време без разлика на тоа што пописот од април се одложи за септември.

Од државниот завод за статистика се правдаат конкурс за попишувачи ќе имало кон средината на јули, а изборот на истите ќе биде на почеток на август, така морало оти потоа следеле обуки и вакцинација за тие попишувачи кои сакаат.

Конкурсите ќе се одржат кон средината на јули, очекуваме потоа и да нема друг конкурс бидејќи сметаме дека ќе биде пополнета бројката на потребни попишувачи. Активности за пописот има, се тече според временската рамка, велат од Државниот завод за статистика за Алфа.

Сепак стои отворено прашањето дали државниот завод за статистика ќе може сите подготовки да ги направи во август за пописот да почне во септември. Практично ќе имаат само еден месец да изберат попишувачи, да извршат обука на истите и да ги вакцинираат. Особено е тесен временскиот период за вакцинација со две дози во само 30тина дена, зошто вакцини во земјава нема на претек, а и е сезона на одмори и празници и целата операција се чини дека ќе биде тешко остварлива.  Од ДЗС за Алфа велат од министерството веќе им гарантирале дека вакцини за попишувачите ќе има.

Дополнителен проблем може да биде фактот што некои од попишувачите што ќе бидат избрани на конкурсот можеби нема да сакаат да се вакцинираат, а ДЗС нема право да ги условува со задолжителна вакцинација.

Поранешниот директор на статистика Герасимовски за Алфа вели дека спроед него е под знак прашалник дали пописот и воопшто ќе може да се одржи во септември.

Она што и тогаш го кажуваа граѓаните беше дека нема да примат во домовите попишувачи што не се вакцинирани. Сега е прашањето колку од тие да речеме 5.000 учесници во пописот ќе бидат вакцинирани? Имаме отворени прашања што три-четири месеци се во мирување и малку е нонсенс кога ќе дојде 15-20 август, односно пет дена пред пописот тогаш да бидеме актуелни. Не случајно се носат сите препораки заради подготовка на попис пет години порано. Ние пет месеци пред пописот не работиме активно како што треба, туку работиме ад хок – предупредува Герасимовски.

Тој додава дека активностите во врска со пописот не требаше да запрат, туку да продолжат од април наваму без прекин.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста