Ќе има ли полициски час – кој ги прави анализите, Филипче или Заев?

Некоорднирани изјави за полицискиот час на премиерот Заев и министерот Филипче. За Заев подобри резултати ќе даде полициски час додека за министерот за здравство оваа мерка e крајна опција. Сепак, конечната одлука дали ќе има забрана за движење и од колку ќе се знае по утрешната седница на Советот за безбедност. Иако до последно, здравствените власти уверуваа дека состојбата е под контрола и дека актуелните мерки донеле подобрување во однос на бројот на позитивни пацинети, според премиерот полициски час од 17 или 18 часот ќе даде подобри резултати.

“Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18, ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од  мерките.” – изјави премиерот Зоран Заев.

За разлика од премиерот министерот Филипче рече дека според епидемиолошката состојба , полициски час би можел да биде последното решение кон кое би се придвижилe.  Последните анализи, според Филипче,  покажале дека преносливоста на вируост е намалена.

“Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. Секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки.Единствено нешто следно што би можело да биде е полицискиот час.И тоа е единствената мерка која што ја има во некој од земјите, не секаде.” – изјави вчера Филипче.

Освен вчерашната изјава на Филипче, за полицискиот час, и Комисијата за заразни болести во Понеделникот процени дека не се потребни дополнителни рестиктивни мерки. Затоа, изнеанадување е изјавата на премиерот, дека полицискиот час ќе даде подобри резултати. Дали е ова во договор со здравствените власти, Заев не кажа.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста