Ќе има ли одговорност од Комисијата за заразни болести?

Македонија урива рекорди во бројот на заразени и починати во регионот, па и во светот алармира поранешниот министер за здравство Арбен Таравари. Тој вели оти властите водат погрешна стратегија во борбата со корона вирусот, одлуките на Комисијата вели се носат ад хок и без визија. Апелира оти составот на Комисијата мора итно да се промени или пак да се освежи со веќе докажани експерти во здравството.

„Ние меѓу лекарите се знаеме кои се добри епидемиолози, виролози, микробиолози, за да направиме таква добра Комиисија дури и да речеме да биде мултидисциплинарен проблемот, не само медицински. Да вклучиме експерти по екологија и по други работи за да функционира како што треба оваа Комисија. Јас гледам Комисијата се толку релаксирани како да ништо не се случува, дури имаше и некои прес конференции го обвинуваа народот дека е крив. Овој народ е сличен народ и во Косово, Албанија, Грција, Бугарија, овие се луѓето Балканци. И како може Грција да има 40 починати на милион луѓе, кај нас да се 400?“, вели Таравари.

Горлив проблем за граѓаните во време на корона пандемија е и јавниот превоз. Оние кои секојдневно се туркаат во автобусите низ главниот град алармираат оти мерките за заштита не се почитуваат. Бараат ред и контроли во јавниот превоз, но надлежните немаат слух за овој проблем кој се провлекува со месеци. Преку социјалните мрежи секојдневно се споделуваат фотографии на кои се гледа метеж во автобусите на ЈСП. Граѓаните прашуваат зошто, кога сите граѓани по налог на власта се вратија на своите работни места, автобусите и натаму сообраќаат со редуциран возен ред?

„Мора на работа, а ЈСП полни автобуси, ништо не се почитува. Инспектори спијат, Венко објавува статистики и го набедува народот дека бил крив“.

„ЈСП цело време тера со саботен возен ред, никакви инспекции по фабриките и конфекциите за да се види во какви услови работат работниците“.

„4 или 5 луѓе се многу ако се групираат, а ова во јавниот превоз е нормално? Венко и останатите што делат памет не се качиле во автобус“, пишуваат револтирани граѓани на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, државните граници остануваат отворени за влез на странски државјани без ПЦР тест.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста