Ќе им се суди на Јанева и Боки 13

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд од Скопје, ги одби приговорите на обвинетите во случајот „Рекет“ во однос на обвинителниот акт.

Според Кривичен, по одбиениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување. Штом тоа ќе се заврши сите страни во случајот ќе бидат известени за одржувањето на главната јавна расправа, односно ќе се знае кога на обвинителна клупа ќе седнат обвинетите Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.