Ќе ja запре ли криминалот во Македонија “колата” на Ковачевски која возела кон Брисел?

Ќе ja запре ли криминалот во Македонија “колата” на Ковачевски која возела кон Брисел?

-Ако погледнете во годините наназад ние ветивме интеграција на државата во НАТО, испорачавме. Споредете го тоа со една кола која што ја гледате. Тоа е кола која што ве вози во Вашингтон каде што се депонирани потписите за членството во НАТО, рече Ковачевски.

Шлаканици за корупцијата во Македонија стигнуваат од сите страни, ама колата на Ковачевски возела кон Вашингтон и Брисел, а како вози, кога товарот кој го носи е огромен особено во делот на криминал и корупција, се гледа ,особено оти Македонија е сеуште во чекалницата на Унијата.

Додека Ковачевски кажува како неговата кола вози одлично и ја носи Македонија кон европското семејство, од таму низ нос ни ја вадат корупцијата која цвета во секој сегмент во општеството.

Токму за прашањето на корупцијата зборуваше вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која во интервју за МИА вели дека нивната земја дава огромна поддршка за Македонија да добиле зелено светло и да тргне на пат кон Унијата, но посочува дека решавањето на корупцијата во државите претенденти за ЕУ е еден од клучните услови.

Извештајот на Европската комисија за Македонија беше реален во однос на оценката дека треба да се продолжи со борбата против корупцијата, во клучни области, како што е борбата против организираниот криминал, обезбедувањето на цврста правна држава, слобода на медиумите, накратко тој напредок е важен, и важно е сите овие оценки на Европската комисија, треба да се одговори на начин, граѓаните да разберат дека се работи за промени што ќе го подобрат нивниот животот, се работи за промени што ќе овозможат луѓето полесно да дојдат до правосудниот систем, дека ќе биде обезбедена слобода на говор, дека нема корупција, дека се работи за здрав демократски напредок на толерантно општество, вели Фајон.

А во последниот извештај на ЕК имаше критики на речиси секое поле, а највеќе за рак раната на Македонија, длобоката и црна корупција. Затоа холандската влада во коментарот испратен до парламентот во Хаг наведува дека извештајот на комисијата за Македонија дава мрачна слика. Наведуваат дека развојот на настаните во Судскиот совет, политичкото влијание врз назначувањата во судството и злоупотребата на кратките законски процедури предизвикуваат голема загриженост.

И холаднскиот амбасадор пред само неколку дена ја изрази својата загриженост на ова поле, и тој вели дека сака да ја види Македонија на иста маса со нив во ЕУ ама мора да се реши корупцијата. Посочи без решавање на овој проблем нема да имаме напредок во ниедно поле.

И ова не е прв пат холандскиот амбасадор да ја критикува Македонија, особено за корупција, тоа го прави неколку пати по ред, дури и стопираа голем проект со Судскиот совет заради скандалите поврзани со изборот на претседател.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста