Ќе го менуваат ли Заев и Ахмети Уставот за Албанец да стане претседател на Македонија?!

Единствен начин Албанец да стане претседател, само поради својата етничка припадност или како резултат на политички договор е тој да биде назначен од собранието, а не да ја добие довербата од граѓаните. Не случајно ДУИ по барањето на Ахмети тие да ја добијат оваа престижна функција, сега го отвораат и прашањето за промена на Уставот.

-Идејата е дека треба да се смени изборот на претседател на државата и тој да се избира во Собранието. Тогаш ќе има поддршка за избор на Албанец претседател на државата, бидејќи ќе го избираат пратениците, наместо како сега граѓаните на непосредни избори, вели за Плусинфо неименуван висок функционер на ДУИ.

Барањето на ДУИ за Албанец претседател и отворање на Уставот не е ново, тоа се споменуваше уште на претходните претседателски избори пред да му дадат поддршка на Пендаровски, кого го нарекоа консензуален кандидат. Доказ дека има пазарење меѓу Ахмети и Заев, е и сегашната поддршка на актуелниот градоначалник на Скопје Шилегов, кој соочен со низок рејтинг меѓу Македонците се надева да добие втор мандат со гласовите на Албанците. Само ден по поддршката од Ахмети, Шилегов веднаш возврати дека за заменик градоначалник ќе ставел Албанец.

-Јас сум човек растеретен од национални стереотипи. Сметам дека секој граѓанин во нашата државата има право да бира и да биде биран. Јас тие стереотипи ги докажав со именувањето на покоен Енвер Малиќи за заменик градоначалник, нешто што планирам да го повторам затоа што навистина верувам во заедништвото на скопјани, изјави Шилегов.

Најавувајќи ја оваа идеја и велејќи дека досега се исполните сите желби на ДУИ кога се политичките функции во прашање, Ахмети вети дека следен претседател после Стево Пендаровски, ќе биде Албанец.

-Јас не можам да бидам мирен, без да рушам уште некоја барикада, бидејќи не ми изгледа во ред. Се рушат барикадите една по една, ѕид по ѕид. Министер за одбрана да, министер за внатрешни да, Претседател на Собранието да, Министер за надворешни да, прв вицепремиер да, следната барикада е Претседател на државата, изјави Ахмети.

Оваа идеја на Ахмети ја поздрави и премиерот Заев, вели била добра амбиција на неговиот коалиционен партнер, но да се исполни истата требало да има поддршка и од македонското население. Сепак доколку се исполни амбицијата на ДУИ и се промени Уставот, поддршката од граѓаните нема да биде важна, бидејќи претседателот ќе се бира во Собранието.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста