Казнети 88 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 19 за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста