Казнети 322 возачи во Скопје, 105 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13, 20 санкционирани мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Advertisements