Казнети 232 возачи во Скопје, 15 од нив управувале без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги чинат пешаците, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, 65 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.