Казнети 143 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, шест за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.

Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 58 санкции за непрописно паркирање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста