Кавадарчанец криумчарел мигранти

На 26.07.2020 во 19.30 часот во Кавадарци, кај нова крстосница кај Градските гробишта, полициски службеници го лишиле од слобода Р.К.(58) од Кавадарци, поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан. За настанот се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста