Католиците го слават најголемиот христијански празник Велигден

Католички Велигден во полициски час. Големиот христијански празник католиците во Македонија за прв пат наместо во храмовите го дочекаа дома.

Корона вирусот ги испразни црквите, а верниците Велигденските пораки од бискупот Киро Стојанов ги слушнаа единствено преку соопштение. Во овие тешки времиња тој им порача да не губат надеж и верба во Бога.

„За нас Велигден значи дека чувствуваме присуство на воскреснатиот Христос во неговата Црква. Тој е со нас и останува со нас. Ние сме вградени во неговото таинствено тело на Црквата, така што неговиот живот е и наш живот. Затоа, да не губиме надеж, Бог е често наш тивок придружник кој нè придружува. Нека Тој, воскреснатиот Христос и Господ, не доведе до Неговата светлина во Неговото Царство на љубовта, радоста и мирот. Честит празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе!“, порача Бискупот Киро Стојанов.

Честитики до верниците со пораки овој Велигден да го поминат дома, но и желби за добро здравје упатија Претседателот на државата Стево Пендаровски, Премиерот Оливер Спасовски , но и лидерите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев.

И во светот овој празник се одбележува во сенка на епидемијата на Корона вирусот. Велигденски миси среде пандемија се пренесуваат на интернет. Ваков Велигден не бил забележан досега вво Ватикан.. И Папата ќе се обрати онлајн.

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее денеска во празната катедрала „Дуомо“ во Милано, а концертот, ќе се пренесува преку интернет.

„Чест и задоволство ми е што бев поканет од Градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва, верувам во Велигден, универзален симбол на повторното раѓање, што сега ни е потребно на сите, и на верниците и на оние што тоа не се“, изјави Андреа Бочели.

Во свет затворен од корона кризата, христијаните низ целиот свет го одбележуваат како никогаш досега.Италијанците за Велигден се дома, надлежните ги конторлираат дури и со дронови.

Во Хрватска пак, свештеник покрај забраната за одржување верски собири одлучи да одржи своевидна миса на улица. Покрај патот има верници кои клечат.

Православните христијани Велигден ќе го дочекаат следната недела олигледно во слични услови.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста