Скопје петти најзагаден град во светот- Шителов најавува футуристички проекти за борба

Додека Скопје почна секојдневно да се наоѓа меѓу првите десет градови на светската црна листа на загаден воздух, Градоначалникот Шилегов се крсти во футуристички проекти. Решението за загадување го гледа во брзиот автобуски систем, кој ќе го спроведе кон крајот на 2021 година, откако ќе му истече мандатот. Проектот го најави во кампањата на локалните избори во 2017година, и веројатно сега планира истиот да го користи за уште една предизборна кампања. Загрижува фактот што Македонија полека се движи кон врвот на најзагадените земји, а градските власти допрва ќе размислуваат како да го решат овој проблем.

Вчерашниот опасен квалитет на воздухот во македонската метропола направи Скопје да се најде на петтото место најзагадени градови во светот. Најопасно беше во населбата Маџир Маало –  мерната станица покажа дури 410 пм 10 честички, веднаш после неа, општина Кисела Вода каде со денови граѓаните се гушат во отров. Другите две мерки кои денеска ги најави Шилегов се зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети и организирано затоплување на домовите кое ќе го спроведел со социјални пакети за граѓаните кои не можат да си дозволат, да се приклучат на централно греење. Градоначалникот се пофали дека Регулаторна конечно го решила проблемот со издавање лиценца за трите топловодни мрежи, за да може да се даваат социјални пакети за греење, иако пред два дена од Градот ни одговорија дека административните постапки се уште се во тек.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста