Каслер: Притисокот врз здравствениот систем опаѓа

Прв пат, после долго време, може да се почувствува дека притисокот врз лекарите и медицинските сестри поради пандемијата е намален, и имаат голема надеж дека коронавирусот ќе биде победен – убеден е министерот за човечки ресурси на Унгарија, Миклос Каслер. Тој е оптимист и верува дека Унгарија добро се справува со вирусот Ковид – 19. Ова го истакна по посетата на две болници во западна Унгарија.

Во последните неколку недели, Каслер посети повеќе болници во Унгарија, со цел да добие лични впечатоци за волничката опрема и начинот на кој здравствените работници се соочуваат со предизвиците.

Имам добар впечаток по посетата на болниците во Сарвар и Сомбатели. Според луѓето што работат тука, целата опрема им е на располагање, добро се справуваат со предизвиците и веруваат дека пандемијата полека се смирува-рече МИКЛОС КАСЛЕР – министер за човечки ресурси.

Според Каслер најважните задачи за да се намали притисокот врз болниците се вакцинација и обезбедување нега на оние кои веќе биле позитивни на вирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста