КАРЕЊО-БУСТА ПРОТИВ ЗВЕРЕВ ВО ПРВОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА УС ОПЕН


Пабло Карењо-Буста и Александар Зверев ја формираа првата полу-финална двојка на Ју-Ес опен. Шпанецот Карењо-Буста за разлика од осминафиналето кога речиси без борба го мина Новак Ѓоковиќ, сега му беа потребни во пет сета да го совлада Денис Шаповалов (3/6, 7/6, 7/6, 0/6, 6/3). Од друга страна, петтиот носител Александар Зверев одигра лош прв сет против Борна Чориќ, но потоа успеа да го подигне нивото на играта и да ги добие следните три сета.( 1/6, 7/6, 7/6, 6/3). Второто полуфинале ќе биде познато по вечерашните пресметки меѓу Рублев-Медведев и Де Минар-Тим. Кај дамите, Осака против Брејди е првиот полуфинален двобој, а за вториот ќе решаваат дуелите меѓу С.Вилијамс-Пиронкова и Азаренка-Мертенс.