Карантин во станбена зграда во Охрид

Страв, паника, неизвесност – четириесетина жители на станбен објект во населбата “Бејбунар“ ужаснати пред камерата на Алфа раскажуваат под каков психички притисок живеат со денови откако дознале дека во 15 апартмани во зградата во која живеат, ќе се сместат повратници од странство. Првата група од околу 30-тина луѓе пристигнала синоќа во ситните саати.

“Ние тука сме постојани жители на зградава имаме и мали деца, а овие апартмани позади нас немаат никакви услови за карантин, бидејќи имаат заеднички тераси на заедничка просторија со нас и се со во директен контакт.Исто така има два влеза од кои што едниот влез е во директен контакт со нас станарите од зградата. Затоа ние сме револтирани поради таа ситација.Бидејќи настрана од градот има десетици други хотели каде што има услови, а ова е дирекно во градот и сме загрозени ние тука.” – вели еден од станарите.

Ја пробдеавме ноќта,велат нашите соговорници- вознемирени од присуството на униформирани лица пред зградата во која живеат.Децата ни се тауматизирани додаваат, без никаква консултација со нас сопственикот на апартманите одлучил да ги даде на државата за карантин на наши граѓани кои доаѓаат од странство меѓу кои може да има евентуално и заболени лица.

“Јас што треба да правам, јас морам да бегам од станов да одам на друго место, да одам во село додека седат тие тука.По правило треба да дојде и да каже во кое време доаѓаат и каде доаѓаат овие луѓе.Страв вие е ? Па страв ми е јас сум на првиот кат, мене ми е страв.” – вели станар.

Згора на тоа велат, забележавме дека харана им ја носат без никаква заштитна опрема на себе, нити маска ,нити ракавици.Се обидовме да стапиме во контакти со соптвеникот на апртамните, но неговиот телефон беше исклучен.

Загрижени за сопственото здравје, и здравјето на нашите деца, ги повикуваат надлежните да ја преиспитаат оваа одлука. Ние немаме ништо против луѓето кои доаѓаат од странство, тоа се наши луѓе, меѓутоа карантин во станбена зграда не е дозволено-велат станарите.Го прозваа и министеротза здравство Филипче,да одговори дали не мисли дека со овиј чин се доведува во опасност здравјето на недолжни луѓе.

 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста