Карантин во Битола и на Пелистер

Синоќа околу 18 часот под силно полициско обезбедување пристигнаа два автобуса пред хотелот “Епинал“ во најстрогиот центар на Битола со 46 наши повратници од Малта и веднаш потоа беа ставени во карантин со модлука на Владата. Денеска анкетираните граѓани рекоа дека немаат ништо против нашинците и дека е во ред карантинот, меѓутоа локацијата не е соодветна.

– Нека бидат прибрани, И тие се луѓе, наши се македонци и гревота се, но сепак да не беше во центарот- рече една битолчанка. – Ако не почитуваат правила, ќе биде лошо за сите- рече друга битолчанка. – Има попаметни луѓе што мислат за тоа, но сепак наши луѓе се. Кај да ги носат? Сметам дека е подобро да се тука отколку дома- рече еден битолчанец.

Денеска реагираа и од опозицијата, од каде предлагаат порадикални мерки за справување со кризата, но сочуствуваат со нашинците, меѓу кои има и битолчани.

– Ние навистина сочуствуваме со проблемите на нашите битолчани кои се сместени во карантин и со сите оние битолчани клои се наоѓаат надвор од државата и сме во постојан контакт- рече Иванчо Тошевски, претседател на Општинската комисија побезбедност.

Во хотелот “Епинал“, повратниците од Малта врз кои претходно беа извршени прегледи и обезбедена терапија за хронично болните, кај никој немало покачена температура. Тие се во целосна изолација и под силно обезбедување. Од денеска и хотелот “ Молика“ на Пелистер ќе има карантин за уште деведесет лица кои вечерва ќе бидат донесени од Скопскиот аеродром, а од синоќа во хотел “Арена“ на Попова Шапка се сместени 56 лица дојдени од Хрватска.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста