Каракамишева: Како во минатото, така и сега, СДСМ одговорноста за важните работи ја префрлува кај други

За СЈО, во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, професорката Тања Каракамишева вели дека на сите им е јасно зошто е орган како СЈО створен, потенцирајќи дека сите замижуваат дека се било во ред, но не било, дека цела држава крахира.

Таа вели дека час поскоро треба да се направат реформи во правосудството, бидејќи состојба во него била катастрофална.

-Ние сите знаеме дека имаме корумпирани судии, дека имаме судии кои се ставени со одредена цел, имаме Обвинителство кое е надвор од законскиот систем. Катица Јанева не одговара над надредениот над сите, бидејќи таа е надредена над сите. Имаме бројни аномалии во законот за СЈО, бидејќи имаме бројни аномалии, изјави Каракамишева.

Каракамишева вели дека СДСМ како власт како во минатото, така и денес, одговорноста за важните работи ја префрлува кај други.

-Прашањето на политичката одговорност повторно ќе биде забошотено. Прашањето е дали ние имаме држава која што е нормална и дали имаме институции кои се координирани. Ние имаме институции кои одговораат на една владејачка структура, без разлика дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, вели Каракамишева.