Караџовски: Комисијата за заразни болести не одлучува за спроведување или откажување на пописот

Попишувачите ниту ќе се теситираат, а ниту вакцинираат, но ќе влегуваат во десетина домакинства дневно во време кога бројките на новозаразени се огрмони. Во Македонија има полициски час, оти состојбата со Ковид 19 се влошува, но кога станува збор за одржување на пописот таа е стабилна оти имало протоколи. Единствен начин пописот да се одложи како што кажа директорот на статистика Симовски е доколку Комисијата за заразни болести донесе препорака за одложување на статистичката операција. Но првиот човек на Комисијата , Караџовски вели дека тие не носат таква одлука, туку други институции.

Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме. Понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или нема да има попис, на кој начин ќе се спроведува…, а ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот“, рече Караџовски.

Покрај здравствените ризици, се погласни се предупредувањата дека и законското решение за пребројувањето на населението не е добро и е без консензус.

Поранешниот министер без ресор во Владата на Заев, Аднан Ќахил го критикува предлог законот за попис.

Во затворени кругови се носи закон за попис, каде велат дека тоа е статистичка операција, ама е статистичка операција зошто се носи политичка одлука, ние имаме парекселанс политичка влада, ако е статистичка операција оставете на статистика да одлучи кога ќе го направи пописот и да не се мешаме ние, вели Ќахил.

И аналитичарот Владимир Божиновски вели дека пописот во време на пандемија е  нелогичен – прашува зошто упорно се турка,  кога уште од старт е проблематизиран.

Имате сериозни проблеми во самиот закон за попис,има проблеми во методологијата за попис, сериозен проблем во начинот за попис кој што е надвор од сите правила на Евростат, без разлика дали им кажале од Евростат, терајте си нема врска. Ако ги видите како се попишуваат државите на ЕУ, со оваа бурлеска од попис, едно со друго врска немаат, вели Божиновски.

Божиновски предупредува -ако резултатите на пописот се над 1.750.000 луѓе во Македонија, тоа значи дека тој е фалсификат.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста