Капитенот Војдан верува дека Македонија може на Евробаскет

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, во ниту еден момент не го изгубил оптимизмот, напротив, тој е убеден дека овој тим ќе може да се носи на квалификацискиот турнир во Перм, не само со Естонија, која ни е директен конкурент за пласман на Евробаскет, туку и во дуелите со фаворизираните Италија и Русија.

„Ова е национален тим на Македонија кој треба да даде максимум на секој натпревар. Зошто да не ги победиме Италија или Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм. Ако не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство“, вели меѓуостанатото капитенот Стојановски.

„Црвено-жолтите“ в понеделник ќе отпатуваат кон Перм, рускиот град домаќин на последниот квалификациски турнир, на кој Македонија ќе одигра четири пресметки, две со Италија, и по една со Естонија и Русија во период од само пет дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста