Канцерогени гасови во воздухот во Штип?

Моја цел е да произведувам енергија, а не да загадувам. Вака објаснува сопственикот на штипскиот погон СААС-АГ, за топење на гуми и пластика, откако минатиот четврток при вонреден инспекциски надзор инспекторите констатираа дека не се применуваат одредбите со Б-интегрираната дозвола. Најостро демантира дека атмосферскиот воздух го загадува со канцерогени гасови, како што е наведено во извештајот на ДРжавиот инспректорат. објаснува дека во погонот нема горење, туку сировината се добива со топење на гумата, преку процес на пиролиза, одосно со хемиско разложуваање доага до енергенс Технички недостаток е регистриран во складирњето и управувањето на отпадот, бидејки добиената сировина која е биолошки разградлива, поради корона кризата не успеал да ја извезе во Грција. Последен пат во погонот рециклирање на гуми и пластика имало во март. Во мегувреме погонот доби забрана за работа и во рок од три месеци да ги отстрани недостатоците. Од Општина Штип од која инспекторатот побара да му ја одземе дозволата велат дека недостатоци има во складирањето, но не и во производството.. .

“Недостатоците беа во чување на отпадот кој треба да е на непропустлива подлога со заштита од хаварија. Наместо на цврсти подлоги се чувал на земја” – изјави Георѓијев

Засега во Штип нема поголеми загадувачи, освен градската депонија која често пати се пали од собирачи на старо железо.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста