Канада е првиот полуфиналист на завршниот турнир од тенискиот Дејвис куп

Канада е првиот полуфиналист на завршниот турнир од тенискиот Дејвис куп

Поспишил беше подобар од Милман, а Де Минаур изедначи против Шаповалов по што двојката Поспишил-Шаповалов и го донесе вториот поен и победата на Канада против Австралија во првиот четвртфинален двобој во Дејвис купот кој се одржува во Мадрид.

Тенисерите на Канада денеска го очекуваа противникот за саботниот дуел, а тој ќе дојде од пресметката на Русија и Србија, по што ќе се играат и двата преостанати двобоја за влез во завршниот квартет.

Во нив се среќаваат: Велика Британија и Германија односно Аргентина и Шпанија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста