Камбовски: Не може да постои држава и не може да постои ефикасен правен систем со постојано изигрување на законите

Со месеци одолговлекуваното донесување на законот за јавно обвинителство и регулирање на статусот на СЈО низ бескрајни расправи во Собранието,поради неусогласеност на партиите на власта и опозцијата се изгуби драгоцено време што се одрази и врз колебливоста на Европската комисија. Пратениците треба да разберат дека тоа не е прашање на политички договор-дециден е академик Владо Камбоски,тој закон вели го подготовуваше експретска група која работеше континуирано 10 месеци.

И одеднаш сега експертската група, експертската мисла е исклучена од сето тоа.Останува на некои нетранспарентни преговори на пратенциите, тие немаат право едостано на тоа.Не може да постои држава и не може да постои ефикасен правен систем со постојано изигрување на законите, постојани аболиции,амнестирање на криминалот, корупцијата и сл.Општеството не оди напред едноставно, изјава акад.Владо Камбоски-раковод на Центар за стратегиски истражувања при МАНУ

“Погрешна е тезата дека Собранието може да прави што сака, компетенциите на Собранието се ограничени и нема апсолутна слобода да донесува било какви закони’’-додава Камбоски.

Не случајно Европската комисија како проритет ги постави реформата на судскиот систем, борбата против корупцијата и криминалот,реформата на безбедносниот систем. А дека лошо стоиме и на економски план, говори нискиот степен на реализација на капитални инвестиции

Тука гледате дека не одат работите,имаме сериозни проблеми во судскиот систем, имаме сериозни проблеми со институциите, со политичките партии, со начинот на кој се организирани,начинот на кој што дејствуваат. Тоа е многу врзано со економскиот раст и развој.Што е основното, немаат доволен капацитет луѓето во тие институции да направат комплексна анализа што е јавната инвестиција, каква е нејзината оправданост, кои се ефектите, кои се трошоци, изјави акад. Таки Фити-Претсед.на МАНУ.

Во овој безмалку 3 децениски транзицискиот период земјава не успеа да изгради политичка култура,академиците порачуваат дека треба радикално да се примени курсот на политиката, оти не може се’ да биде предмет на политичко договарање. Партизираните институции не можат да испорачаат деморатија.

Росица Голабоска