Какво време не очекува деновиве?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови ќе бидат од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и наместа ќе има појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус два до три степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до нула степени.

Во недела времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе има во понеделник попладне.