Какво ќе биде времето денеска?

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.

МИА