Каква заштита ќе добие Шар Планина ако се градат хидроцентрали, екологистите реагираат, надлежните тврдат дека бараат решение

Надлежните да најдат решение и да ги раскинат договорите со концесионерите за изградба на хидроцентрали,бараат Здруженијата кои се залагаат за заштита на Шар планина .Залудно ќе биде велат,секакво понатамошно дејствување,па дури и донесувањето на Законот за прогласување на Шара на национален парк, ако ова прашање на се реши.Токму хидроцентралите,се постојано посочувани, како главна причина за уништувањето на природата, но, и за проблемите со водоснабдувањето, не само во Тетово, туку и бројни тетовски села.

За штетата што се прави од хидроцентралите свесни сме, ги има многу.Ќе биде трагикомично ако понатаму, во самата заштитена зона се продолжи со секакви градби.Бидејќи, само донесувањето на Законот не е цела работа,ова е само еден почеток, ќе следуваат многу поважни ситуации. – велат од Метин Здружение “Пријателите на Шара”.

Во Министерството за животна средина тврдат дека преговараат со инвеститорите за откажување на градбите.Барале решение,кое ќе ги задоволи сите страни.

Со инвеститорите започнавме преговори,веќе добиваме позитивни сигнали од некои од нив, и тоа токму во зоната на строга заштита.Останува да продолжиме со разговори, и се надевам да дојдеме до најдобро решение. – изјави Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Инаку, предлог законот за прогласување на Шар планина за национален парк влезе во собраниска процедура и го помина првото читање.Екологистите се согласни дека Законот е многу важно да се донесе што поскоро,за да се спаси шарпланинскиот масив,кој изминативе години, доживеа вистински масакр со градби и дива сеча.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста