Каква политичка есен ја очекува Македонија?

Бурна политичка есен ја очекува Македонија. Ваков впечаток се добива во јавноста со оглед на распределбата на политичките сили во Собранието. Останува отворено прашање дали некоја од партиите ќе успее да состави политичка Влада, или пак можеби на крајот ќе добиеме широка владина коалиција. Ситуацијата може да стане уште посложена, доколку ДУИ не отстапи од своето барање за Албанец премиер.

Се поставува прашањето и дали можеби на крајот решение ќе бидат нови брзи предвремени парламентарни избори. Вакво сценарио не исклучува опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

-Не би ме изненадило доколку таму некаде на есен се случат нови предвремени парламентарни избори, доколку се случи еве ниту ние, ниту СДСМ, ниту некоја друга партија, еве гледаме ДУИ го бара мандатот. Ако не се лажам, вицепремиерот Османи на една телевизија, во една прилика го побарал мандатот, како трето пласирана партија на овие избори. Ако никој не успее да формира Влада не ја исклучувам и можноста за нови предвремени парламентарни избори на есен, изјави Мицкоски

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пак вели дека неговата партија ќе ја состави следната Влада.

-Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада, вели Спасовски.

Коха веќе објави дека СДСМ прифатиле една година премиер на Македонија да биде Албанец. Сепак, впечатокот е дека во овој случај се работи за пробен балон за проверување на пулсот на јавноста. Од владејачката партија официјално партија не коментираат ништо околу написите на Коха.

Но, зголемените апетити на ДУИ не се единствениот проблем за состав на Владата. Своите барања ги зголеми и Алијансата за Албанците. Зијадин Села сега бара албанскиот јазик како албански во уставот, а не како јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението.

Со оглед на ваквата ситуација во јавноста одамна постојат сомнежи дека СДСМ е тргната во шопинг на пратениците од политичките ривали. Тоа го тврди и Мицкоски, велејќи дека сепак потегот на власта останал неуспешен.

-Нудени се шест, седум цифрени бројки во евра. Мислам згрозен сум од самиот начин како се поима политиката кај тие луѓе, мислам разни привилегии за нив, за нивните семејства. Се разбира брутално се одбиени, потоа доаѓаат и се извинуваат затоа што ги навредиле, изјави Мицкоски.

Мицкоски во гостувањето на Алфа се осврна и на нападите од поранешни партиски функционери кон него. Вели станувало збор за луѓе кои се апологети на Заев, и работат по негова команда.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста